Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шеќеринска на Твитер: Паралелава со Љубе треба да ја сфатам како закана?

0
By Нова ТВ on October 31, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 31, 2013 21:55

По одговорот на директорот на УБК Сашо Мијалков кон потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска , на социјалната мрежа Твитер таа праша дали споредбата на Сашо Мијалков со Љубе Бошковски треба да ја сфати како закана.

Имено, Мијалков за порталот Курир порача:

-Со истата теза и со истите клевети во јавноста пред три години излезе и Љубе Бошковски. Тогаш, појаснив дека мојот удел од 50% во фирмата регистрирана 2003 година е продадена во Прага на двајцата други косопственици, во две одвоени трансакции по 25% кои вредеа по 500 000 евра, како што впрочем е наведено во анкетниот лист.

Од таму се тие милион евра кои тогаш ги наведуваше Бошковски, а сега Шекеринска, споредувајќи ги со оснивачкиот влог во фирмата. Бошковски за истите клевети беше тужен и прогласен за виновен, по што и јавно се извинуваше дека самиот бил доведен во заблуда и манипулиран. Единствената разлика со првиот анкетен лист е во вредноста на накитот. Имено во првиот анкетен лист вредноста е наведена во евра, а во вториот во денари. Можам да потврдам дека во првиот анкетен лист е направена ненамерна техничка грешка, која е корегирана во вториот, вели Мијалков за Курир.

Тој додава дека доколку Радмила Шекеринска поседува барем еден доказ во поткрепа на изречените клевети, утре да ги приложи на Јавниот обвинител или Управата за јавни приходи и ја повика јавно да му се извини за изречените неосновани обвинувања.

Реакцијата на Мијалков е одговор на денешните обвинувања на Шеќеринска на собраниската говорница за неговото збогатување кое не го пријавил:

-Семејниот имот на Сашо Мијалков за овие 5 години пораснал за нешто повеќе од 1,6 милиони евра. И тоа само пријавениот имот. Односно од 1,1 милион евра во 2008 година, пораснал на 2,7 милиони евра во 2013 година. И повторно ќе нагласам, ова се само податоци од пријавениот имот на Мијалков, објавен на веб страната на Државната комисија за спречување на корупцијата, праша пратеничката Радмила Шеќеринска на седницата на Собранието.

-Дали знаете господине Груевски дека вашиот братучед Мијалков, кој е државен функционер, пријавил имот само по основ на часовници и семеен накит, од верувале или не, 500 илјади евра?! И уште дополнителни 300 илјади евра само за слики?!

Мијалков пријавил дека земал половина милион евра по основ на продажба на основачки влог на фирма и уште половина милион евра на продажба на сопственички удел во странска фирма.

Ама, како е возможно во Анкетниот лист во 2008 година истиот функционер да пријавил еден сопственички удел и тоа само во домашна фирма. И како е можно денеска тој да тврди дека земал нецели 1 милион евра од продажба на удел на две фирми, а во исто време во денешниот Анкетен лист да пријавува дека сеуште е сопственик не на една или две, туку на четири фирми, изјави Шеќеринска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.