На градските гробишта во Кочани денеска беше погребана Александра Дамевска, новинарка која својата кариера ја започна во некогашната Скај телевизија, во периодот кога телевизијата имаше силна новинарска екипа во информативната програма.
Дамевска има завршено Факултет по новинарство, и покрај во Скај телевизија и ТВ Кочани, работеше во уште неколку меиуми како и на повеќе проекти.
Секогаш со ведар дух, насмеана и вечен оптимист, достојна на новинарската професија, Александра болеста ја дочека ненадејно, ракот на дојка бил откриен во поодмината фаза кога веќе било доцна за лекување.
-„Душо измени се плано“ беше една од нејзините омилени шеговити реплики, но никој не знаеше дека до толку ќе се измени планот-пишува во еден од коментарите на нејзиниот Фејзбук профил каде многубројните пријатели и колеги за последен пат се збогуваат со Александра. Александра имаше 40 години и уште многу планови за животот, но тешката болест ја спречи да ги оствари.




