Францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние, раскажа за историското значење и вредноста на Нотр Дам.
-Во моментот истрагата е во тек. На самиот почеток префектурната француската полиција отвори истрага.Топлината беше до 800 степени, доказите се уште се топли и тоа го одолговлекува почетокот на истрагата – рече Тимоние.
Претпоставките се дека искра од заварувањето ја покачила температурата и некое многу суво дрво се запалило.
-За среќа сите работници и посетители биле надвор од катедралата инаку би било ужасно – констатира Тимоние.
Реновирањето го воделе приватни компании кои се специјализирани за реставрации на историски споменици.
Според амбасадорот, во несреќата избегнато е најстрашното, затоа што не се срушил целиот објект и не се откачиле големите ѕвона кои би можеле да ги усмртат луѓето во околината на Нотр Дам.
-Првичната реакција беше национално единство за несреќата – вели Тимоние, објаснувајќи дека при големи несреќи најпрвин не се бара виновникот, туку првин се изразува жалење.




