Ќе се воведува хемиска кастрација за педофилите во земјава, а ќе се зголемат и затворските казни. Ова го предвидуваат предлог измените на кривичниот закон за кои веќе почна и јавната расправа. Ако се изгласаат, за полов напад врз малолетник до 14 години, сторителот ќе добие од 10 до 20 години затвор, наместо досегашните од 8 до 15 години. За потешките педофилски дела се предвидува и доживотен затвор.
Министертсвото за труд и социјала ќе предложи измени во Кривичниот законик со кои ќе се воведе хемиска кастрација за педофилите, а затворските казни ќе се зголемат, најави денеска Диме Спасов, министерот за труд и социјална политика на јавната расправа за измените во законикот.
Министерот Спасов посочи дека хемиска кастрација за педофили е воведена во Полска, Молдавија, Естонија, Русија, Велика Британија, Франција, германија, Јужна Кореја…
Во Македонија досега се осудени 139 лица за педофилија со просечна затворска казна од 6 години. Еден од предлозите е затворската казна за полов напад да се зголеми од 8-15, на 10-20 години затвор.




