Портпалот на ДУИ, Бујар Османи, за НОВА изјави дека Ахмети за АЛСАТ не се заканил со комплицирање на ситуацијата, туку точниот превод гласи- “Ако не си дел од решението, стануваш дел од проблемот”.

Синоќа Ахмети во интервју за Алсат беше пренесен од македонските медиуми со следнава изјава:
Ако не можам да го решам проблемот со името, сигурно можам дополнително да ја комплицирам ситуацијата, мојот авторитет не треба да се потценува. Јас не работам позади грб, за моите посети во Вашингтон и Брисел знаеја сите, имаше опструкции од македонските телевизии, граѓаните не се информирани, ние сме поблиску од било кога за да го решиме прашањето за името, ако треба ке се затвориме во една соба и не излеземе без да го решиме ова прашање.” – рече Али Ахмети во вечерашното гостување во емисијата “На патот кон…” на телевизијата Алсат-М.
Во интервјуто Ахмети не ја отфрли можноста за предвремени парламентарни избори
Нема идеални односи ниту во една мала фамилија, меѓутоа има и дијалог, има и консенсус. Имаме разлики кога се работи за законот за медиуми, закон кој што нема да го гласаме, и баравме за тој закон да се дискутира после декември. Ние мислиме дека изборите не нудат избор, но ако нема напредок после декември не ја исклучувам можноста за да се дискутира за предвремени избори.
Тој во оваа прилика исто така се изјасни и за ставот на ДУИ за претседателските избори
На прашањето дали ке го подржи повторно доколку ВМРО ДПМНЕ реши да го кандидира Иванов ?
Ахмети одговори ” Не верувам”.
Но, во денешното интервју за Дневник Ахмети говорејќи за Иванов, експлицитно не го отфрла ова решение:
– Не сме го разгледале ова прашање. Ако повторно биде предложен, ќе разговараме.
Ахмети изјавува дека не му е важна етничката припадност:
– Еве, јас ќе го направам првиот чекор и ќе гласам за кандидат Македонец за кој ќе се постигне консензус.
На прашањето дали би поддржале кандидат предложен од СДСМ, за кој би постигнале консензус и по цена да ги нарушите коалициските односи со ВМРО-ДПМНЕ?
– Не мислам дека ова би влијаело на партнерските односи со ВМРО-ДПМНЕ, изјави Ахмети.




