Има загриженост дека Велика Британија би можела да ја напушти Европската унија без договор, рече претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер. Тој побара од Лондон да го искористи шестмесечното одложување на Брегзит за разработка на деталите околу своето истапување од Унијата.
– Никој не знае како ќе заврши Брегзит. Тоа создава голема неизвесност. И натаму постои страв дека ќе дојде до Брегзит без каков и да е договор за излегувањето, изјави Јункер во интервју за германскиот весник „Функе Медиангруп“.
– Се надевам дека Британците ќе го искористат тоа време, а не повторно попусто да го потрошат. Не можеме до бесконечност да го продолжуваме нејзиното излегување. Најдобро решение за Британците би било да го прифатат договорот во текот на договореното време, рече Јункер.
Договорот за Брегзит, кој го испреговараа британската премиерка Тереза Меј и ЕУ во три наврати е одбиен во британскиот Парламент.




