Граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија: 0800-54321 која ќе функционира од 7:00 до 19:00 часор во канцеларијата на Народниoт правобранител.
Како што соопштуваат од канцеларијата на Народниот правобранител, отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и во Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. Покрај лично во канцелариите, како и на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово 044 344-082, Струмица 034 329- 996, Кичево 045 228-586, Битола 047 242-310, Штип 032 389-701 и Куманово 031 431-488.
„Избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела, пишува во соопштението од Народниот правобранител.
И канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права утре во текот на целиот ден ќе биде отворена, со цел да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право за време на Претседателските избори, соопштија од Хелсиншкиот комитет.
-Комитетот ги охрабрува сите граѓани кои сметаат дека нивното избирачко право е повредено да го пријават случајот во канцеларијата на Комитетот кој се наоѓа на ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 83 во Скопје. Доколку граѓаните не се во можност да дојдат до нашите простории, случаите на повреда на избирачкото право можат да го пријават и преку телефонски број 02-3119-073. Покрај личното и телефонското пријавување овозможена е и пријава преку е-пошта на helkom@mhc.org.mk. Пријавите преку е-пошта треба да содржат кратко образложение за настанатата повреда, локација (изборна единица и број на гласачко место) и време на настанување на повредата на избирачкото право, се наведува во соопштението на Хелсиншкиот комитет.
Граѓаните ќе можат да ги поднесат пријавите наведувајќи ги своите лични податоци или анонимно.




