Државната изборна комисија соопшти дека досега до ДИК пристигнале податоци од 79,73 проценти од избирачките места.
Досега на гласање излегле вкупно 496.774 избирачи, односно во проценти 35,13 отсто од избирачите.
-Доколку се обработени 100 проценти од избирачките места тоа би значело дека на гласање досега излегле околку 600 илјади избирачи – рече портпалорлката на ДИК, Љупка Гугуческа.
Крива Паланка има највисока излезност на овие избори – 57, 82% , по неа Демир Капија- 52,78% , Демир Хисар- 51,94%, Крушево- 50,64%, Новаци- 53,73%, Прилеп- 50,3% и Вевчани- 50,93 отсто.
Најниска излезност има во општините Липково 13,55%, Желино 13,62% , Центар Жупа 12,67% и Пласница со 12,04 проценти излезност.
Излезноста во општините каде што освен претседателски се спроведуваат и локални избори е: Охрид 44,74%, Ново Село 41,93% и Дебар со 36,31% излезност.




