Според обработените речиси 98 отсто од гласачките ливчиња во ДИК, во водство е кандидатот на Стево Пендаровски со 317.481 гласови, пред Гордана Силјановска Давкова со 316.409 гласови и Блерим Река со 76.765 гласа. Излезноста е 42,04 отсто, а бројот на неважечки ливчиња е 32.382 или 4,36 отсто.
Според ДИК, во дипломатско – конзуларните претставништва, гласале 618 избирачи, од кои Река освоил 41 глас, Гордана Силјановска Давкова 268, а Пендаровски 291 глас.
Претседателот на ДИК Оливер Дерковски на прес конференцијата рече дека денешниот изборен ден поминал во добра и мирна атмосфера, без посериозни забелешки од никој од ученсниците во кампањата нуту од набљудувачите.
-Сметам дека ја постигнавме целта од аспект на ДИК да спроведеме чисти, фер и коректни избори, рече Дерковски.
Тој се заблагодари до сите учесници што се држеле до Кодексот за фер и демократски избори. Тој изрази надеж дека и вториот круг во кој најверојатно ќе влезат двајцата кандидати Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова ќе помине во мирна, фер и коректна атмосфера.




