Јавното обвинителство се уште размислува дали ќе поднесе жалба на пресудата на новинарот Томислав Кежаровски. Но, останува уверено дека вина за откривање заштитен сведок постои и дека досудената казна не е многу висока, објави Телма.
Првостепениот суд изрекол минимална казна за новинарот Томислав Кежаровски, смета државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Според него, судот имал врзани раце и затоа морал да донесе казна која е многу блиску до минимално пропишаната, а за условна казна потребни се дополнителни олеснителни околности кои ќе ги цени судот.
– За да биде една казна условена треба да се применат вонредно ублажителни мерки односно олеснителни околности кои се применуваат и се позначајни од олеснителните околности кои се применти за да се донесе минимална казна. Значи, и тоа се претпоставки дека доколку постоеле тие околности можел судот да донесе и казна под две години но, само ако ги цени тие околности, рече Зврелвски.
Кежаровски беше осуден заради откривање на идентиетот на заштитениот сведок во слуачјот Ореше, кој подоцна самиот јавно призна дека бил лажен и сведочел под присила на полицијата. Но, Зврлевски вели дека сведокот самиот барал таков статус.
– Сведокот бил користен во оваа постапка со своја изјава и тој самиот неколку години бараше заштита бидејќи се чуствувал загрозен, а пота самиот лично барал да не го има веќе тој статус. Како тоа после толку време одлучил да не биде заштитен и дека е под притисок, не знам, но не гледам зошто да не се верува во неговиот статус, рече обвинителот.
Обвинитлеството не можело да поведе постапка против Кежаровски веднаш откако го открил идентиетот во неговото списание Репортер 92, бидејќи во тој случај самите би си го откриле сведокот.
– Многу е логично да се чека, зашто постапката се уште траела и ние не можеме да поведеме постапка и со тоа да кажеме дека тој бил сведок, нагласи Зврлевски.
Случајот за нарачното убиство во велешкото село за кое одговараат речиси сите судии и обвинители кои досега го воделе, според Зврлевски, се уште не е затворен и тој е во второстепна постапка, а Обвинителството поседува докази кои потврдуваат дека токму обвинтетите браќа Ѓеорѓиевски се сторители на делото.




