Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Верувам дека политичарите ја примија пораката од граѓаните

0
By Нова ТВ on April 22, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 22, 2019 14:23

Кандидатот на владејачката СДСМ Стево Пендаровски вели дека од вчерашниот прв круг од изборите, граѓаните кои не излегле да гласаат упатиле порака која верува дека политичарите ја примиле.

Како една од причините за вчерашните резултати на контото на владејачката структура, Пендаровски ги наведе неколкуте, како што ги нарече, тешки одлуки донесени од 2016 наваму, како што се договорите со Бугарија и со Грција, Законот за јазици, за кои до ден денес има отпор кај опозициската партија.

-Ние решивме да не носиме само популарни одлуки и претпоставувам кај дел од луѓето тоа имало свое влијание, рече Пендаровски.

Исто така, тој нагласи дека иако ова е кампања за претседателски избори, во неа беа инволвирани и партиските лидери, поради што таа наликуваше на кампања за парламентарни избори. Тој вели дека не може да исклучи дека кога тој, иако ја претставува агендата на идниот претседателот, со самото тоа што е поддржан од владејачката структура, некои ветени, а не реализирани работи на локално ниво се рефлектираат.

-Сето тоа имаше влијание. Нас граѓаните не гледаа низ призмата на тие што не предлагаат, рече Пендаровски, додавајќи дека не е изненаден од резултатот, бидејќи и анкетите што ги правеле изминатиот период покажувале вакви тенденции.

На новинарско прашање дека неговиот вчерашен резултат е речиси ист со оној од 2014 година, Пендаровски рече дека споредбата може да се направи само во однос на начинот на кој се спроведени изборите.

-Сега имавме демократски избори, демократски амбиент и тоа го потврдуваат сите, и домашни и странски монитори и политичките субјекти кои беа инволвирани. Не можеме да ги споредуваме. Во тоа време бевме без пристап до медиуми, администрацијата беше блокирана, рече Пендаровски.

Одговарајќи на новинарско прашање дали имал средба со албанските политички партии кои застанаа зад неговата кандидатура, Пендаровски рече дека такво нешто нема да има и не верува дека ниту челниците на партиите тоа ќе го направат. Кажа дека е категорично против политичка трговија со гласови, истакнувајќи дека гласачите не се бројка, туку личности. Во тој контекст ја спомена вчерашната изјава на Блерим Река кој рече дека секој од неговите гласачи има право да се изјасни во вториот круг според своето убедување.

-Постои друг начин да се мотивираат гласачите. Во вториот круг влегуваат два дијаметрално спротивни концепти – евоатлантски интегрирана Македонија, со инклузија на сите етнички заедици кои ќе ја чувствуваат ова земја како своја и вториот, анахрон националистички концепт кој не е прифатлив за 19 век, а не за 21 век, ни за Албаници, ни за Македонци и за сите други, рече Пендаровски на прес конференцијата,на која кажа дека очекува убедлива и недвосмислена победа во вториот круг за, како што рече, конечно Македонија да добие претседател на сите граѓани.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.