Државната комисија за спречување на корупцијата утврди судир на интереси кај претседателот на Советот на обвинители Коле Штерјев кој не се изземал кога на седница на Советот се гласало за внуката на неговата сопруга да стане обвинител.
На седницата на 31 јануари 2018 година на која се избирале седум јавни обвинители за организиран криминал присуствувале 8 членови на Советот на обвинители од вкупно 11, а за изборот на обвинители било потребно двотретинско мнозинство. Според антикорупциската комисија Штерјев кој јавно на седницата кажал дека Ѓорѓиева е внука на неговата сопруга, не се изземал од гласањето и не ја напуштил седницата туку гласал воздржано. Со своето присутво обезбедил кворум за гласање.
За својата одлука Антикорупциска ќе го информира Советот на обвинители кој е надлежен орган да утврди одговорност.




