Центарот на Скопје, како и општина Карпош имаат најзагаден воздух, според најновите податоци кои ја покажуваат моментална состојба на квалитет на воздухот, прикажан на официјалниот Веб сајт на Министерството за животна средина.
Последните податоци за загаденоста се презентирани на Конференцијата во Копенхаген, од страна на Министерството за животна средина.
Како главни извори на загадувањето во Скопје се нотирани сообраќајот, согорувањето на дрвата и производство на металургијата.
Но, проблемот на Министерството за екологија се финансиите, според оваа студија: Буџетот за активностите и имплементација на мерките кои не се доделени, како и потреба за развивање на модел на предвидувања на загадувањето на воздухот, кој во моментов се заснова на временската прогноза.
Според досегашните изјави за загаденоста на Скопје и причините, најалармантна е состојбата со фабриката Железара, но и покрај досегашните апели на граѓаните конкретни мерки од соодветните институции не беа преземени.




