Зградата на Факултетот за драмски уметности и на бројни државни институции која според плановите на Владата ќе има барокната фасада, која ќе чини 340.685.050 денари или над 5,5 милиони евра, со што вкупната цена на новиот објект лоциран помеѓу Министерството за надворешни работи и црквата Пресвета Богородица досега достигна над 25,2 милиони евра, јавува порталот Билд.
Објектот ќе биде со висина од 25 метри, базирана врз идејното решение на архитектонското биро „Неимар инженеринг“ од Скопје. Рокот за изведба на фасадата е 10 месеци, а на неа ќе работи оперативата на скопски „Бетон“.
Неговата вкупна површина е предвидено да изнесува 19.134 метри квадратни, во чии простории ќе се сместат Факултетот за драмски уметности, Бирото за судско вештачење, Агенцијата за планирање на просторот, Државниот завод за индустриска сопственост, Националната агенција за европски образовни проблеми, Бирото за регионален развој, Дирекцијата за технолошки индустриски зони, Агенцијата за цивилна воздушна пловидба, Државниот девизен инспекторат, Дирекцијата за спречување на перење пари и дел од Управата за јавни приходи.
Градежните работи на овој објект ги изведува компанијата „Гранит“ од Скопје, додека надзорот над работите го врши „Градежниот институт Македонија“. Изградбата на идното седиште на Факултетот за драмски уметности и на дел од државните институции започна на средината од април 2012 година.




