Од синдикатот на клиниките на денешната прес-конференција велат дека тие од средбата заминале во 10 часот навечер, а гранковиот синдикат остале до полноќ, по што го потипишале договорот кој официјално излегол во Службен весник уште утрината.
-Додека течеа преговорите договорот бил официјализиран, испечатен и дистрибуиран, велат од клиничкиот синдикат.
Првиот човек на синдикатот, Дејан Ставриќ, додава дека се изиграни во преговорите бидејќи зголемување на платите ќе имаат само членовите на гранковиот синдикат, а моделот плаќање по успешност не е прецизиран. Поради тоа тие најавија дека нема да го потпишат поединечните договори.