Господине Јакимовски, на колку ниско ниво паднавте, да се браните преку портал на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението испратено до јавноста од СДМ.
– Не одговарате, каде е паркот што требаше да чини половина милион евра, што му го ветивте на скопско Влае! Без срам образложувате дека фирмата изведувач била од СДСМ?! Па СДСМ ли Ве натера да склучите договор со таа фирма што велите дека била од СДСМ? Вие во реакцијата самите признавате дека станува збор за фирма којашто легално се пријавила на тендер, распишан од општината Карпош. Значи Вие сте оцениле дека тоа е најдобрата понуда?!
– Затоа ли ја прекинавте соработката со фирмата што почна да го изведува проектот, што го стопиравте? Зашто сопственикот бил од СДСМ?
СДСМ го прашува Јакимоски:
– Дали бизнис – коалициските интереси со ВМРО-ДПМНЕ се вистинската причина што го доцните Паркот? Најавен дека ќе биде завршен до 15-ти март, па потоа до 15-ти август, а денеска е 4 ноември господине Јакимовски?!
– Прашањето е просто, што би рекол Вашиот нов партнер Груевски. Имате намера да направите Парк или ќе оставите трски пред комплексот Порта Влае?




