Со едноставна и економична интервенцијата, преку гаснењето на автомобилите додека се чека на семафор ќе се намали загаденоста на воздухот во Скопје за 40% објави на својот веб сајт Хелтгрупер.
Во овој меѓународен проект за размена на информации од здравството, посочуваат дека најновите научни истражувања покажале дека како дополнителна и надоврзана интервенција треба да се зголеми времето помеѓу кое се менуваат семафорите, со цел да се намали загадувањето. Наутро да се почека малку повеќе во возилата, или на пешачките премини, но здружено може да се намали загадувањето.
-Тоа може да се спроведе во Скопје во точно одредени временски периоди, наутро од 07-09-00часот, и попладне од 15-17.00 часот. На тој начин преку солидарна и граѓанска акција директно ќе се намали штетно влијание по јавното здравје на граѓаните велат во Хелтгрупер.
Загаденоста на воздухот во Скопје веќе неколку дена е над дозволеното,ниво покажуваат официјалнате мерења на Министерството за животна средина.
Во општините: Гази Баба, Аеродром, Центар, Карпош се измерени вредност од над 180 микрометри на метар кубен, што е неколку пати над дозволеното од 50 микрометри.
ПМ10 се мали вдишливи честички кои се едни од најштетните загадувачки супстанции во воздухот. Суспендираните честички со дијаметар помал од 10 микрометри (ПМ10) може да продрат длабоко во респираторниот систем на луѓето.
Овие штетни честички ги има во атмосферата од голем број извори, како што е издувниот систем на возилата, греењето во домаќинствата, индустриските процеси, електраните, согорувањето на земјоделскиот отпад и согорувањето на отпад од дворовите.
Надлежните информираа дека мерки се превземаат само доколку пет дена по ред добијат информации за зголемен индекс на загаденост во воздухот.