Албанскиот премиер Еди Рама денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија на покана на македонскиот премиер Никола Груевски.
Покрај со својот македонски колега, Рама ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, како и со лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.
Средбата на двајцата премиери е продолжување на позитивната практика меѓу двете држави за средби на највисоко ниво. Ќе се разговара за повеќе теми од заеднички интерес, дополнително унапредување на билатералната соработка, за соработката на полето на економијата и трговската размена, како и за реализација на крупни инфраструктурни проекти и за европските и евро-атлантските перспективи и интеграции на регионот, кои се стратегиска определба на двете земји.




