Оставка од претседателот на Сојузот на глувите Васко Марков, ревизија на неговото работење, повеќе толкувачи на знаковен јазик, да се почитуваат нивните права, побараа глувите лица кои утринава протестираа пред Домот за хуманитарни активности „Даре Џамбаз“ во Скопје.
Со паролите „Стоп за заканите од претседателот на Сојузот на глуви“, „Бараме оставка од диктаторот Васко“, глувите лица уште еднаш го изразија својот ревотлт, на како што рекоа лошото работење на Марков и немањето контрола врз неговата работа.
Тие тврдат дека Васко Марков не се грижи за нивните интереси, не им обезбедува толкувачи, ги потценува, навредува, а со нивните пари се шетал во странство. Марков беше повикан да се појави на протестот, а откако им беше кажано дека нема да се појави, беше исвиркан.
Според образложението од Сојузот, Васко Марков заминал во Кочани за да се погрижи околу печатењето на промитивен материјал за јубилејот на Сојузот. Глувите одлучија да протестираат и да го чекаат пред „Даре Џамбаз“се додека не се појави да им се обрати.
Тие најавија дека ќе постават шатори, доколку треба и ноќта да ја поминат таму, само да можат да се сретнат со Марков. Целиот протест, изјавите од глувите, нивните барање и проблемите со кои се соочуваат погледнете ги во видеото.