Словачкот министер за надворешни работи и поранешен меѓународен пратеник за Балканот, Мирослав Лајчак очекува на следниот самит на Европската унија, Македонија повторно да биде блокирана од страна на Грција, поради спорот за името, и покрај по петти пат добиената препорака за отворање на преговорите.
– Европскиот совет најверојатно повторно нема да додели датум за преговори за Македонија. Унијата треба да одлучи што ќе прави со Македонија, бидејќи и по пет препораки од Европската Комисија, Европскиот Совет не може да донесе одлука за започнување на преговорите. Македонија е блокирана од 2005 година, и тоа не е добро, бидејќи ако не е преокупирана со позитивна агенда, ќе биде преокупирана со поинаква агенда, предупреди Лајчак.
Според него, потребна е промена на реториката, бидејќи „не може по 20 пати Комисијата да каже да, а Европскиот совет не“, напомена Лајчак на конференција во Атланскиот совет во Вашингтон.
Словачкиот министер потсети дека Македонија е првата земја од западниот Балкан која ги почнала интеграциите, и оти е добар пример за меѓуетничка соработка во регионот. Според него, Унијата останува заинтересирана да ги види сите земји од регионот како членки на ЕУ.




