„Северна Македонија во вторникот доби уште еден сигнал дека речиси три децениската изолација се доближува до својот крај. Папата Францск порача дека Северна Македонија е мост меѓу Истокот и Западот, рече дека нејзината историја на диверзитет добро ќе и служи во нејзините односи со Европа. Тој исто така изрази надеж дека интеграциите ќе се одвиваат на начин кој ќе биде од бенефит за целиот Западен Балкан“, објавува американскиот весник Њујорк тајмс во написот по повод посетата на поглаварот на Римокатоличката црква на нашата земја, со наслов „Посетата на Папата помага Северна Македонија да се стави на мапата“.
Авторката на текстот исто така ги анализира и внатреполитичките односни, врз основа на вчерашниот говор на претседателот во заминување, Ѓорге Иванов.
-Но не сите го делеа ентузијазмот на Папата за развојот на настаните во оваа држава. Претседателот Иванов, кој ја претставува конзервативната партија, за која Договорот од Преспа е предавство, му рече на Папата дека доаѓа во време на големи поделби во земјата, која ја ословуваше со името Република Македонија, се истакнува во текстот.




