НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во „Маџар телеком“ сведочеше професорот Борче Давитковски

0
By Нова ТВ on May 8, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Кривичниот суд во Скопје денеска сведочеше професорот Борче Давитковски во предметот „Маџар телеком“ на Специјалното јавно обвинителство, во својство на претседател на бордот на директори на Македонски телеком, функција на која беше од 3 февруари 2002 до август 2004 година.

Давитковски на прашања на одбраната сведочеше дека тој имал професионални односи со обвинетиот Атила Сендреи и дека тој и тројцата претставници на владата цело време инсистирале на заштедување на средствата на намалување на цената на телефонијата додека пак останатите членови во бордот се бореле за поголем профит на компанијата.

На прашање на одбраната, Давитковски појасни дека кога компанијата предвидела технолошки вишок, тој и другите тројца претставници на владата инсистирале за поголема опремнина, доколку, пак, шесте членови од Унгарската компанија како сопственици барале да се почитува законот за отпремнини кој предвидувал 12 отпремнини.

– Јас им посочив дека доколку тоа се случи, ќе има социјални немири во Македонија и затоа инсистирав да се склучи спогодба во која партнери ќе бидат синдикатот и бордот на Телекомот во која ќе бидат точно обележани надоместоците за секој вработен, појасни Давитковски, кој додаде дека во негово време биле исплатени околу 14 милиони евра за отпремнини.

Вработените кои биле прогласени за технолошки вишок, според сведокот, земале од 40 до 80.000 евра по лице.

Давитковски рече дека Македонски телеком до 2007 година имал право да троши 5 до 7 милиони евра на консултантски услуги и можел да ја зголемува цената до 2006 година. Тој како претседател на бордот на директори рече дека имал право на вето на ребрендирање на компанијата и на продажба на акции на над 20 проценти. Појасни дека тогаш тој го искористил ветото за да не се ребрендира Телекомот во T-home.

Обвинителката Лиле Стефанова не поставуваше прашања, со образложение дека сведокот бил на функција во тогашниот Македонски телеком, пред да се случи кривично правниот предмет.

Пред почетокот на рочиштето бранителот на второобвинетиот Владо Илиевски по однос на декласификацијата на ревизијата што ја побара на минатото рочиште обвинителката Стефанова, побара да не се прифати предлогот да се изведе како доказ, бидејќи како што рече, вештачењето не е извршено од вештаци кои се лиценцирани од листата на вештаци на судот и не е нарачана од судот.

Стефанова истакна дека овој извештај не е изготвен по наредба на странско лице туку, како што рече, напротив, стои дека е изготвен согласно дозволите на T-mobile Македонија чиј сопственик е Маџар телеком.

-Овој извештај постои во архивата во Македонија и побарав од претставникот на правното лице да биде доставен до судот и да биде отстранета класификацијата доверливо. Овој доказ има особена важност за обвинението бидејќи се однесува токму на договорите кои се предмет на обвинението, рече Стефанова.

Судијката Ленка Давиткова рече дека за ова ќе одлучи дополнително.

Судењето за „Маџар телеком“ почна во 2011 година, а од неодамна случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство.

За злоупотреба на службената положба се обвинети генералниот директор на Македонски Телеком, Атила Сендреи, финансискиот директор, Ролф Плат, како и Михаил Кефалојанис и Золтан Кешиус, кои беа осомничени дека склучувале фиктивни договори за консултантски услуги со кипарската консултантска куќа „Чаптекс холдингс лимитид“ и на тој начин го оштетиле „Македонски телеком“ и Буџетот на Македонија, бидејќи Владата била акционер.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.