-Тој е лидер на Католичката црква, но и монарх суверен на еден меѓународно признат јавен субјект кој остварува дипломатски односи со останатите земји. Тој кажа да го негуваме тоа што сме, место во кое се испреплетуваат разни култури и нации, тоа богатство кое сме го имале низ вековите, печатот на апостолската црква, влезот на христијанството во Европа. Тој микс кој е настанат е тоа што треба да го негуваме и тоа е нашата предност како се однесуваме спрема тоа и со тоа да влеземе во европското семејство, вели Бартоломеј Кајтази поранешниот амбасадор на Македонија во Ватикан, кој во интервју за 1тв ги анализира пораките што ги остави Папата Франциск по историската посета на нашата земја.
Според него и самата посета е своевидна порака на оддавање признание дека сме апсолутно важни во меѓународните односи.
Ова е целиот разговор со Кајтази.




