Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гоцевиот сон!

0
By Нова ТВ on May 9, 2019 ВЕСТИ
Петар Богојески
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 9, 2019 08:55

Пишува Петар Богојески, докторанд на УКИМ Скопје и активист во ВМРО-ДПМНЕ

Истокот нè отпиша, Западот нè запиша! Знам дека беше Западот не нè запишува, ама полека, полека тоа е минато. И знам дека бевме неврзани, демек ниту со Истокот, ниту со Западот, ама тоа беше само една мудра лага за народот. И секако за оние, другите низ светот, кои само што ослободени од колонизаторското ропство, веруваа дека се неврзани, а всушност беа повеќе од врзани.

Денот, 7.5.2019 година е историски ден за Македонија. После децении и децении упатувани молби за папска посета на Македонија, од нашите духовни водачи, а последниве децении и од нашите световни водачи, конечно папата Франциск ги услиши и пристигна во нашата земја. Зошто е тоа толку значајно? Значајно е зашто на записот на Македонија во „западниот свет“, од денес има и папски печат. Тоа е духовен печат. Тоа е симболика дека нашата амбиција да бидеме дел од „западниот свет“, од напредниот свет, од цивилизираните нации, станува реалност. И најмала амбиција на еден човек, која станала реалност, го исполнува со радост тој човек. А ваква амбиција, амбиција на една цела нација, на македонската нација, нè исполнува со радост сите нас, припадниците на таа нација.

Било многу мрачно, ропство над нашите глави. Не само световно, туку и духовно. Нашиот народ живеел и го надживеал тоа двојно ропство. Зошто го надживеал? Затоа што денес, наместо под световно ропство, живееме во слобода во нашата македонска Република, а наместо под духовно ропство, денес живееме во љубов со Бога, преку нашата света Македонска православна црква – Охридска архиепископија и останатите религиски заедници.

Во време на мракот, време на ропството, македонските духовни и световни водачи, често повикувале на единство со римскиот папа, како метод преку кој ќе се дојде до двојното ослободување. Кај нас во Македонија, тоа е традиција. Од папската круна за Цар Самоил, до оваа денешна апостолска посета на Папата, ние имаме почит кон таа врска со Ватикан. И таа треба да ја негуваме и продлабочуваме. Зашто Ватикан е значаен за македонската државност. Ја поткрепува.

Додека стоев на Плоштад Македонија, за време на литургијата на папата Франциск, пред мене забележав една слика. Ја овековечив. Стои Делчев војвода, гордо качен на коњ, а до него римскиот папа има богослужба. Над нив двајцата, на јарболот гордо се вее знамето на македонската Република. Си реков во себе, Боже сонот на Гоце Даскалот стана јаве. Пред само три дена, беше денот на Георги Николов Делчев, идеологот на македонската револуција. Еден од нашите световни пастири. Бесмртниот борец од Македонија. Родум од Кукуш, местото каде од време на султанот имало унијатска Црква. Тоа е првиот град од Македонија, кој се откажал од Цариградската патријаршија и склучил унија со римскиот папа во 1859 година. Малиот Гоце таму растел, тоа време го живеел. Од мали нозе ја согледал можноста за духовна слобода од грчкото духовно ропство, преку унија со папата. На тоа често и упатувал. Денес, речиси на неговиот ден, токму тој римски папа, под знамето на Гоцевата Македонија, стави печат на македонската државност. Сонот на Гоце за македонска држава, духовно и световно слободна, стана јаве. Зад мене амбасадори на сите „западни земји“.

И тие сведоци на настанот. И тие ја видоа сликата. Чудно е чувството кога историјата ти се случува пред очи. Ја живееш и доживуваш. Го чувствуваш сонот на Гоце, така си воспитан, домашно воспитан, а пред очи постанува вистина.

Знам дека сме напатен народ. Знам дека немаме искуство со своја државност. Знам дека во отсуство на своја држава, макотрпно градевме национален патриотизам. Често покажуваме девијации на тоа поле, со причина секако. Но веќе е време за државен патриотизам.

Време е да престанеме да ги рушиме државите кои ни наметнувале световно ропство. А знаете ли зошто? Зашто сега имаме наша држава, македонска Република, која ни обезбедува световна слобода. Сè уште се обидува српската Црква да ни наметне духовно ропство. Попусто, сонот на Гоце Даскалот стана јаве. И духовно слободно живееме и ќе живееме. Но ние Македонците, мораме да научиме едно! Да покажеме почит кон знаењето!!! Не мора секој од нас сè да знае. Не мора да се инаети за сè. Не сте денес херои, сите Вие кои го исплукавте римскиот папа. Неписменоста е нормална за сите народи. Ние и да бидеме неписмени, е оправдано.

Живеевме векови под ропство, комунистите ни ја убија целата македонска интелигенција. Создадоа нова, црвена, која денес се буди. Во тек е тој процес. Но аман луѓе, научете да ги слушнете световните и духовните водачи кои се барем за малку пописмени од нас неписмените, а кои точно знаат што значи сонот на Делчев Војвода. Кои точно знаат што значи римокатоличкиот поглавар да ти дојде на гости. Да дојдеше турскиот султан, кој векови нè држел под ропство, ќе имавте потопли пораки од оние упатени кон човекот кој во моментов е римски папа, а ништо лошо не сторил на нашата држава и нашиот народ. Од каде таа клетост кај Вас?!? Таа малодушност?!? Нашите стари рекле, „кај шуто, па и боде“! Кај неписмено, би рекол јас, па и тајните на Ватикан ги знае. Бог да чува и да брани од суета и неписменост. Па ако секој од нас ги знае тајните на Ватикан, немаше да бидат тајни! Дајте малку разум бре луѓе. И описменување на нацијата, само во таа насока да одиме.

Православната вера е нашата вера. Точно, ама римскиот папа не дојде да ни ја земе. Ниту да не грчи, ниту да не турчи! Обратно, нашите православни браќа, особено српската и руската т.н. Цркви, ни ја оспоруваат нашата православна вера. Не нè признаваат за православни. Нè понижуваат и ги куражат останатите православни Цркви да го прават истото.

Свеж пример ни е случувањето со Бугарската православна црква, која не постои како самостојна, туку како руска подружница. Под тој притисок, дел исплашени бугарски митрополити, како обични трговци, одбија да ја прифатат македонската подадена братска рака. Но да бидеме праведни, трудољубиви и никогаш да не го напуштаме сонот на Гоце Даскалот. Сè ќе си дојде на место и за кратко ќе дојде и полната духовна слобода за Македонија. Зашто не заборавајте, борбата за Македонија нема крај! Таа е аманет!

*Објавена во Вечер

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.