НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од 1 јули се очекува да се намалат листите на чекање за операции во „8 Септември“

0
By Менче Атанасова Точи on May 9, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градската општа болница „8 Септември“ до 1 јули ќе функционира со намален капацитет и листа на чекање за операции, кога се очекува да зајакне лекарскиот тим со анестезиолози, потврди за НОВА директорот Христијан Костов.  Болницата веќе неколку месеци опстојува само со 4-5 операциони сали од вкупно 10, а причината за ова е што нема доволен број на анестезиолози. Костов вели дека пред четири месеци одеднаш се пензионирале тројца анестезиолози и од 12 останале само девет.

Тоа е причината што се прават листи за чекање за операции, за кои тој вели дека не се чека повеќе од еден месец, а се хронични пациенти кои не спаѓаат во итни случаи. Директорот Костов смета дека состојбата ќе се подобри од  1 јули кога се очекува за заврши специјализацијата по анестезиологија на една лекарка, а на вториот анестезиолог специјализацијата му завршува во септември.  Тој се надева дека тогаш ќе се отворат повеќе операциони сали и ќе се намалат листите на чекање.

„Точно е дека функционираме со намален капацитет заради недостиг на анестезиолози, а имаме зголемен обем на работа бидејќи и пациенти од внатрешноста се оперираат тука. Заради тоа се и тие листи на чекање. Баравме анестезиолози од Клинички центар да доаѓаат кај нас дополнително, но еве се надеваме дека за некој месец кога ќе дојдат двајцата анестезиолози, ситуацијата ќе се стабилизира“, изјави Костов, за НОВА.

Тој вели дека двајцата лекари доцна се испратени да специјализираат, што значи дека специјализациите претходно не се планирале, односно оделе неплански. Токму листите за чекање за операции се причина за реакција на пациенти кои сметаат дека чекањето се должи на недостиг на протези, колкови, колена и слично.

„Имаме протези засега. Отворањето на тендерот е на 25 мај така што и оваа постапка ќе се реализира.“, рече Костов.

Инаку, во болницата недостасуваат и медицински сестри за да може нормално да функционираат.

Ваквата ситуација беше причина во јануари да се затворат две од операционите сали на новоотворениот оддел за Трауматологија, како и нефункционирањето на ова одделение кое минатата година на 8 септември во употреба го пушти премиерот Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.