На средбата меѓу македонскиот и албанскиот премиер Никола Груевски и Еди Рама акцент бил ставен на потребата од интензивирање и унапредување на економската соработка во патната и железничката инфраструктура, како и од повеќе проекти од областа на енергетското поврзување.
Македонија и Албанија имаат добри билатерални односи и обострана желба тие да се унапредуваат особено во делот на економската сфера, во интерес на двете земји и целиот регион, оценија Груевски и Рама по денешната средба во Скопје.
– Веруваме дека сите предизвици може да бидат надминати со конструктувна политика во духот на европската соработка и духот на доброседството, а врз основа на принципите на почитување на суверинетитетот територијалниот интегритет и мирно решавање на предизвиците во отворен дијалог, рече македонскиот премиер.
Премиерот на Република Албанија истакна дека односите со Македонија имаат посебно значење за нив, исто како и територијалниот интегритет на Македонија кој е од есенцијално значење за доброто движење на целиот регион кон Европската унија.




