Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Без преговори со ЕУ има ризик од колапс на сите процеси во земјата

0
By Нова ТВ on May 10, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 10, 2019 14:53

Вицепремиерот за европска интеграција, Бујар Османи, за МИА вели дека од суштинска важност е преговорите со ЕУ да почнат без одлагање, бидејќи во спротивно постојат ризици и за земјата и за регионот.

Османи, кој денеска е во посета на Брисел, предупредува дека политичкиот контекст во Европската Унија е многу непредвидлив поради изборите во ЕУ, но дека е оптимист.

-Тоа што мене ми дава оптимизам е дека нема подобро портфолио од нашето, толку е моќно што тешко се игнорира, и второ дека нема алтернатива. Алтернативата од неуспех на оваа приказна е страшна, порачува вицепремиерот.

“Ризиците“, вели Османи, “се колабирање на сите позитивни процеси што ги има и во државата и во регионот“.

Тој е уверен дека и во европските институции и во земјите членки сите се свесни за овие ризици.

-Ако некој ја одземе таа перспектива, целата стратегија пропаѓа. Тоа е нашиот аргумент, дека оваа приказна е толку моќна, толку ги надминува нашите граници што игнорирањето ќе биде лоша порака и за државата и за регионот и за целата европска идеја, вели за МИА Бујар Османи.

За административниот капацитет за преговорите, Османи, кој е воедно и главен политички преговарач во овој процес, вели дека темелите се поставени од страна на Владата, иако останува да се донесат уште некои одлуки, како не пример кој ќе биде дел од преговарачката структура. Но, дека главниот поттик за администрацијата и за целото општество ќе дојде кога ќе започнат формално преговорите.

-Ние се подготвуваме цело време, меѓутоа финалните акти што треба да поминат на Влада, во кои што се дефинира, на пример, невладините организации дали ќе бидат во работните групи внатре, по црногорскиот модел, или ќе бидат на страна во процесот, како што е српскиот модел, која ќе биде улогата на СЕП, која ќе биде улогата на другите институции.

-Овие финални акти не се поминати на Влада затоа што го следиме политичкиот процес во смисла на почнување на преговори. Јас мислам дека само ни фали тригерот, смета Османи.

Стотина лица се пријавиле на огласот за интерес, објавен минатата година, а направени се и списоци на експерти во соработка со МАНУ и универзитетите кои ќе помогнат во процесот.

Во самиот секретаријат за европски прашања, пак, се унапредени луѓе со соодветно искуство и знаење и се преземаат потребните мерки за задржување на кадарот, тврди главниот преговарач.

Меѓутоа, нагласува тој, во текот на преговорите, тежиштето ќе биде во самите министерства задолжени за секое поглавје, а не во СЕП.

Раководителите ќе доаѓаат од министерствата, а замениците раководители ќе бидат од СЕП за поддршка на процесот.

-СЕП ќе биде секретаријатот на преговарачката група и на државната делегација, но тежиштето треба да биде во министерствата што ги покриваат поглавјата. И создавањето на човечки капацитет треба да го фокусираме во министерството. На пример, министерството за економија покрива дури седум поглавја. Дали министерството за економија е подготвено за сите седум? Во моментов не е. И затоа ја правиме оваа комбинација, луѓето што ги има во администрацијата, во академијата, во коморите, во невладините организации и работната група се активираат кога почнува процесот, вели Османи.

Северна Македонија веќе во текот на билатералниот скрининг ќе треба да ги активира работните групи и да ги мобилизира и администрацијата и експертите, додава вицепремиерот.

Што се однесува до членовите на преговарачката структура, Бујар Османи вели дека имињата му се на располагање, но дека не е сѐ уште донесена конечна одлука.

-Ќе ги бираме според актите, на предлог на главниот политички преговарач, во координација со техничкиот, на предлог на Влада. Нема министрите да ги назначат туку главниот политички преговарач и главниот технички, така што ќе внимаваме тие назначувања да бидат професионални и да не ги назначуваат министрите во рамките на своите кабинети, изјави Османи за МИА, на прашање дали постои ризик од политизација на оваа структура.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.