Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доаѓа бурата „Андреа“: Градскиот кризен штаб со апел до граѓаните

0
By Нова ТВ on May 12, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 12, 2019 13:38

Во пресрет на бурата „Андреа“ што се очекува да го зафати регионот во наредните денови и да донесе обилни врнежи со количина од 50 до 80 милиметри на метар квадратен, во Град Скопје заседаваше вонреден кризен штаб со кој што претседаваше Душко Весковски, директор на ЈП „Водовод и канализација“.

На состанокот, како што соопшти Град Скопје, се координирани активностите и се поделија обврските помеѓу јавните претпријатија, противпожарната бригада, инспекциските служби и останатите општини и државни институции. Пред почетокот на бурата, екипите на „Водовод и канализација“ ги проверуваат шахтите и одводите на критичните точки низ градот, додека екипите на ЈП „Улици и Патишта” главните одводни канали во Скопје.

Од Градот Скопје апелираат на исклучување на пумпите на градежните јами, а граѓаните да ги пријавуваат проблемите на 193 и да не паркираат под дрвореди и близу одводните канали. Дополнително, во случај на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Согласно информација од УХМР за можноста од серија обилни врнежи дожд од над 50 литри на метар квадратен, а во крајните западни и југоисточни делови и над 70 литри, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) одржа вонреден работен состанок и го активира Оперативното тело за справување, при што будно ја следи состојбата со зголемена мобилност и подготвеност на постојаниот состав на силите за заштита и спасување.

Според ДЗС, доколку врнежите паднат за краток период на помали сливни површини, можна е појава на локални излевања.

-Апелираме на внимателно движење покрај водотеците и суводолниците, во крајниот запад, југо-запад и северо-запад, каде постои можност од локални излевања и можна појава на свлечишта и одрони, особено на патниот правец Маврово-Дебар-Струга. Покрај овие региони, за особена внимателност од можна појава на локални излевања ги посочуваме сливовите околу планината Кожув и Гевгелиско-Валандовскиот крај, наведува Дирекцијата.

Сите активности на следење и известување за моменталната хидролошка состојба се вршат согласно Националниот план за заштита од поплави.

Силите за заштита и спасување од поплави се во оперативна состојба за нивно можно ангажирање, а во функција се и сите материјално-технички средства и опрема со кои располага ДЗС.

Дирекцијата за заштита и спасување ги извести и предупреди своите подрачни одделенија и единиците на локалната самоуправа за потребата од преземање мерки и активности во својот делокруг.

ДЗС е во постојан контакт и со другите надлежни субјекти заради координирано делување и справување со можните појави на поплави за што навремено ќе ги известува медиумите и населението.

УХМР: Врнежите во подолг период не се проблем

-Доколку најавените врнежи дожд од 50 до 70 литри на метар квадратен паднат во период од 72 часа, не би требало да има никакви проблеми, но ако тие се случат локално, на помали сливни подрачја за краток временски период и со силен интензитет, тогаш се можни излевања, предупредуваат од УХМР.

Според информацијата од прогностичките модели, на целата територија на нашата држава е можна појава на интензивни локални врнежи поради што се  препорачува внимателно движење покрај водотеците и суводолиците.

-Поизразени региони се крајниот запад, југо-запад и северо-запад, каде покрај можни локални излевања на помалите водотеци, можна е појава и на свлечишта и одрони, особено на патниот правец Маврово-Дебар-Струга. Покрај овој регион за особена внимателност од можна појава на локални излевања се и горните сливни подрачја на Вардар и Треска, сливните подрачја околу планината Кожуф и гевгелиско-валандовскиот крај, наведува Управата.

При евентуална појава на интензивни врнежи во градските средини, поради големиот процент на водонепропусност (бетонски и асфалтни површини), очекувани се брзи истекувања по улиците и појава на заезерени површини поради засипани со нанос шахти и одводни атмосферски канали. На одредени локации каде олуците се приклучени на обичната канализација можно е да дојде до поплавување на одредени подрумски простории поради преоптовареност на канализационите цевки.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.