Откако директорот на УБК Сашо Мијалков побарал од Антикорупциската комисија да му се ажурираат податоците во имотниот лист, каде меѓудругото пријавува и новостекната фирма во Чешка, СДСМ во писмена реакција ја прашува комисијата дали ќе го санкционира криењето на имот од страна на директорот на УБК.
-После канонадата напади, навреди и закани, Сашо Мијалков мораше да признае дека постојат сериозни разлики од имотот што го поседува, до оној што го пријавил во неговиот анкетен лист.
Сега на потег е Државната Комисија за спречување корупција да одлучи:
Дали ќе биде алиби и ќе се стави во улога на прикривач на имотната состојба и на Сашо Мијалков, или ќе го санкционира криењето на имотот на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, велат од СДСМ




