Почеток на продажба на становите од висококатниците во градба во општина Аеродром денеска означи турската компанија Џевахир Холдин.
Продажбата на становите официјално започнува утре, а во промотивниот период ќе се продаваат по цена од 1.100 евра за метар квадратен. Во зависност од спратот на кој ќе сакате да си купите стан во овие висококатници, цените ќе се движат и до 3.000 евра за метар квадратен.
Генералниот директор на „Џеваир холдинг“, Есер Џеваир кој денеска официјално го означи стартот на продажбата, истакна дека станарите ќе имаат можност да уживаат во базен, фитнес центар, турска бања, игралиште за деца, а за задоволството да биде поголемо, сето тоа ќе може бесплатно да го користат.
Инаку, предвидено е во 2016 година да се изгради и трговски центар, а веќе во 2017 година ќе се финишира целиот проект.
Станбено-деловен комплекс во скопската општина Аеродром вклучува четири висококатници со 42 ката и објект што ќе претставува деловен и трговски центар. Во станбениот комплекс ќе има станови со вкупен капацитет за околу 5.000 луѓе.




