Published: Thursday, November 7, 2013 11:59
По кражбата на златни предмети украдени од Музеј на Македонија, директорот Дарко Кржовски за НОВА изјави дека Музејот бил чуван од Агенција за обезбедување, но одби да одговори на прашањето дали се осигурани украдените предмети.
Кржовски најави дека со сите детали ќе излезе по истрагата на полицијата, додавајќи дека претходно не сака да дава какви било информации.
Во полициската станица на Бит пазар вчера било пријавено дека во се уште неутврдено време од депото на Музејот на Македонија е извршена тешка кражба.
Полицијата излезе на лице место се врши увид и се преземаат мерки за расчистување на ова кривично дело, објаснуваат од СВР Скопје за НОВА.
Фото: Вечер




