Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анализи во Кавадаречко: Преголема концентрација на железо во грозје, зелка и пиперка

0
By Нова ТВ on May 16, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 16, 2019 09:00

Петнаесет пати над максимално дозволената концентрација на железо била регистрирана во грозје во Кавадаречко, над 20 пати над максимално дозволеното овој метал бил присутен и кај зелка, а концентрацијата му била сериозна и кај примерок од пиперка. Се покажало дека зелката екстрахира и никел, кој, пак, бил присутен со мала вредност во пиперката, а го немало кај грозјето. Испитувана била и пченка. Таму железото било под максимално дозволеното, а никелот не бил пронајден. Мостри биле земени од две локации, во градот Кавадарци и во близина на фабриката загадувач од тешката индустрија, во атарот на селото Возарци. Загаденоста се покажала кај границата на селата Возарци и Шивец, во градот не.

Ова се дел од резултатите од анализа на почва во Кавадарци, што беа презентирани на едукација на фармери, како дел од проектот „Да ја заштитиме почвата од загадување”, спроведуван од Еколошкото друштво „Вила Зора“ од Велес и поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско учество. Партнерска организација е кавадаречкото друштво „Екоживот”, објави МИА.

– Според резултатите добиени во лиценцирана лабораторија може да се констатира дека редовно има нови загадувања. Загаденоста со железо и никел на почвата е за 1,5 пати над дозволеното, мора да се интервенира, нагласи Кире Кочов, раководител на проектот и претставник на велешкото друштво, презентирајќи ги резултатите од истражувањето на почва во Општина Кавадарци.

Во проектот се вклучени повеќе градови. Тој нагласи дека процесот на деконтаминација на почвата го започнале пред повеќе од десетина години. Сега сакаат да ги вклучат и другите општини што претставуваат еколошки жешки точки. Сакаат последиците од загадувањето на тешката индустрија да ги отстранат и да ја прочистат почвата.

Со ова испитување, еколошкото друштво „Вила Зора“ – Велес се стреми кон утврдување тешки метали во почвата во Велес, Скопје, Тетово и во Кавадарци, но и препорачува како да се исчисти почвата од нив, односно како да се деконтаминира со помош на растенија (хиперакумулатори), кои имаат способност да ги aпсорбираат тешките метали од почвата.

Ова друштво ќе спроведе акции во Велес, Скопје, Тетово и во Кавадарци за чистење на почвата преку набавка на семенски материјал и одбирање соодветно растение за деконтаминација.

Овој проект трае три години. Целта е да утврди присуството и на други тешки метали и ќе се бара начин за справување таму каде што тоа присуство е зголемено.

На таа почва каде што се земени проби се планира да се направат опитно четири парцели на површина од половина декар. Ќе се проба со четири култури, хиперапсорбери, за да се види која е најдобра за деконтаминација. Тие опити ќе траат две години.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.