Се зголемува бројот на деца Роми кои воопшто не се вакцинирани, а Владата одвојува средства само на хартија за да се санира оваа загрижувачка состојба реагираат невладините организации. Тие изнесоа застрашувачки податоци, според кои најнизок опфат на вакцината има против болеста „голема кашлица“, односно пертрусис и против „детска парализа“ или полио.
Дури 70 проценти од децата во населбата Ѓорче Петров не се вакцинирани против заразната болест „голема кашлица“, 50 проценти во Злокуќани, Шуто Оризари и Делчево, а 40 проценти во Прилеп. Состојбата е аларманта и со однос на вакцината против „детска парализа“ или полио, во време кога оваа болест беснее и кај невакцинираните деца во Сирија.
Против„детска парализа“ не се вакцинирани 53 проценти од децата Роми во Злокуќани, 45 проценти во населбата Ѓорче Петров и 27 проценти во Шуто Оризари.
Од невладиниот сектор кој се занимава со оваа проблематика велат дека, иако Владата одвоила 2 868 600 денари, оносно 14 проценти од вкупниот буџет за Програмата за мајки и деца за оваа намена, по девет месеци овие средства се намалени за 50 проценти.
Со тоа се редуцирани бројот на посети во ромските семејства и партонажните служби, со што се намалува можноста да се пронајдат децата кои не се вакцинирани, како и едукацијата на семејствата. Во вакви средини многу лесно може да се случи да букне некоја од овие заразни болести предупуваат невладините организации.
Тие бараат Владата серизоно да се заложи и да одвои средства за оваа намена, а не само средствата да се одобруваат декларативно односно само на хартија.