Само што заврши средбата на претставниците на австралиските црковни општини со владиката Тимотеј, кој е назначен од Синодот на МПЦ-ОА, за администратор на Австралиско-новозеландската епархија.
„Средбата во Охрид поминала во позитивна атмосфера, но се уште нема решение по спорните точки“, изјави за НОВА, Игор Аврамовски Александров, претседателот на македонската црковна заедница во Австралија.
Покрај присвојувањето односно препишувањето на пет цркви во Австралија на сопстено име од страна на сега веќе поранешниот администратор на Австралиско-новозеландската епархија, Г.Петар, претставниците на австралиските црковни општини бараат решение на статусот на свештениците кои ги расчинил Г.Петар.
Според Александров, владиката Петар го прекршил член 172 од Уставот на МПЦ присвојувајќи си црковен имот.
Црковна делегација од Австралија и лани беше во посета на МПЦ, но досега Синодот не презел ништо за решавање на овие проблеми, кои се таложат со децении.




