Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Евровизија пост фестум: Одамна не сме биле толку горди, но останавме поделени

0
By Нова ТВ on May 19, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 19, 2019 14:49

Нашата претставничка Тамара Тодевска со песната Proud („Горда“), се пласираше на осмото место на 64. издание на избор за песна на Евровизија, со што го освои највисокиот пласман на земјава досега на Евросонг.

Фото: eurovision.tv

Тамара беше водечка во речиси целиот тек на гласањето од жиријата од 41 земја. Пресудно за да се добие победникот, холандкиот претстевник, беше гласањето од публиката, каде ние освоивме нешто повече од 50 гласови.

За поголемиот дел од јавноста, кои реагираа на социјалните мрежи, Тамара е победник, поради достоинственото претставување, нејзиниот настап и моќната изведба на песната со универзална порака.

Меѓу нив и политичарите, кои социјалните мрежи се почесто ги користат социјалните мрежи за своите официјални ставови, реакции и размислувања.

-Скапоцени се овие моменти на единство кои ни ги донесовте преку музиката. Одамна не сме биле олку горди!, напиша и премиерот Зоран Заев на Фејсбук, кој и претходно ги повикуваше своите пријатели во Европа да гласаат за нашата претставничка.

Преку социјалната мрежа и претседателот Стево Пендаровски и честиташе на Тамара со зборовите: “Покажавте и докажавте дека секој вреди макотрпно да се бори за своите соништа, вие сте наши победници! Вчера ни ја донесовте Евровизија дома, заедно пеевме и го споделивме успехот, а граѓаните на Република Северна Македонија се горди на вас! Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена! Се гледаме наскоро, да ги споделите од прва рака впечатоците од импресивниот настап“, напиша Пендаровски на Фејсбук.

„Честитки за Тамара. Македонија вечна“, напиша лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Но, имаше и такви чии пораки на социјалните мрежи беа одраз на ликување и восхит што Тамара не успеала да биде победник, поврзувајќи го тоа со разликите во политичките ставови, деградирајќи го нејзиниот професионализам и музички квалитет и со навредливи називи се обраќаа до сите оние кои ја поддржуваат.

Најгласен во тоа беше професорот на факултетот за безбедност, кој важи за близок до опозициската ВМРО ДПМНЕ, дел од невладината Центар за истражување и креирање политики  и беше дел од тимот за избороте на кандидатката Гордана Силјановска Давкова Жидас Даскаловски, не криеше задоволство од тоа што нашата претставничка не успеа да победи и во серија постови на Твитер упати навреди нарекувајќи ги „северџани“ сите што ја поддржаа.

-Ниту една нација не беше среќна за тоа што нејзиниот претстевник не  победи на Евровизија  2019 како што беа Македонците вечерва“…„Нема ЕУ датум, нема ЕУ визија, нема 500 евра плата. Чао северџани“… „Сега уште Нобел им остана на серџаните“, напиша универзитетскиот професор Даскаловски.

Северна Македонија големото изненадување на Евровизија

Грчките медиуми во своите осврти ја нарекоа нашата песна „големото изненадување на Евровизија“

-„Не беше меѓу првите 10 на обложувалниците, но направи изненадување“; „Песната можеби ја сметаа за аутсајдер, но се покажа дека има динамика“, се дел од коментарите во грчките медиуми по вчерашниот настап на Тамара Тодевска на Евровизија, а насловот што преовладува е дека „Северна Македонија беше големото изненадување на Евровизија“.

Коментаторите на Евровизија на државната телевизија ЕРТ, на неколку пати додека траеше гласањето од жирито коментираа дека Тодевска имаше одличен, динамичен и емотивен настап, но и дека „во Скопје живеат историски моменти“.

-Пејачката со баладата „Proud“ има секаква причина да се чувствува горда бидејќи изнуди аплаузи од публиката, со резултат да е големо изненадување, пишува сајтот на неделникот „Прото тема“.

– Не успеа да стигне на врвот, но настапот на Северна Македонија на Евровизија 2019 се издвои од другите. Баладата на Тамара Тодевска „Proud“ беше големо изненадување, а пејачката доби многу позитивни коментари, пишува информативниот портал „Зугла“.

Еден од повеќекратните учесници на Евровизија и како пејач и како композитор во Србија Жељко Јоксимовиќ смета дека по овогодишното издание на овој музички настан треба да се преиспита наинот на гласање.

„Време е да се преиспита начинот на гласање на Евровозија. За мене, вечерва Тамара победи“.

Меѓу многуте кои ја сметаа Тамара и „Прауд“ за фаворит, беше и легендарниот Бој Џорџ.

Би-Би-Си: Импресивниот настап на Тамара овозможи да научиме географија

Уметничката вредност на Изборот за песна на Евровизија е секогаш дискутабилен, но нема дилема дека му помага на светот во совладување на географијата. Благодарение на импресивниот настап на Тамара Тодевска светот дозна за новото име на земјата што ја претставува.

Ова го вели Би-Би-Си во коментар за синоќешната манифестација што се одржа во Тел Авив, Израел, насловен „Евровизија 2019: Петте научени лекции“.

-Согласно договорот постигнат лани со Грција, земјата која што порано беше позната како Поранешна југословенска Република Македонија и беше овозможено да си даде ново име – Северна Македонија, се наведува во текстот.

Британскиот национален сервис го илустрира текстот со фотографија од Тамара и нејзиниот тим посочувајќи дека таа во еден период од гласањето ја предводеше листата на земји со најмногу поени.

Покрај географијата, меѓу петте научени лекции од Евровизија 2019 се наведени и: дека не може да се избегне мешање на политиката иако станува збор за неполитички настан, дека добрата песна секогаш ја победува пренагласената сценографија, дека и големите ѕвезди може да разочараат и дека „големата петорка“ (Германија, Франција, Велика Британија, Шпанија и Италија) и не е така голема.

Ова е најдобриот пласман на земјава откако учествува на Евровизија од 1998 година. Претходно, најдобар пласман имавме во 2006 кога Елена Ристеска со „Нинанајна“ го освои 12 место.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.