Зоран Божиновски, сопственикот на порталот Буревесник, во телефонски разговор за НОВА на 16. септември годинава, непосредно по апсењата на осомничените во акцијата Шпион, изјави дека треба да го види обвинителниот акт за да знае за што се товари.
Негирам дека сум инволвиран во шпионирање за странски служби, бидејќи сите информации што ги имам јавно ги објавувам на мојот портал Буревесник, рече тогаш Божиновски.
Во акцијата Шпион 2о лица се обвинети и уапсени за злосторничко здружување, измама и изнуда: Марјан Маџовски, шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието на РМ од 2005 година, Мичо Насковски, екс-генерален директор на Бетон, Ване Цветанов, екс директор на Агенција против перење пари, генерал Горан Стојков, Аце Диневски поранешен функционер од Агенцијата за разузнавање, беше приведен режисерот Борис Дамовски, авторот на анимираниот сатиричен филм „Еднооки“, кој вечерта беше пуштен.
Истражниот судија во Основниот суд Скопје 1 им одреди мерка притвор од 30 дена на 16 притворени во акцијата “Шпион”, додека, пак, на вработениот во Државниот архив, поради влошената здравствена состојба, му бил одреден домашен притвор.




