„Согласно со Законот за спречување судир на интереси, не постои основ да се утврдува состојба на судир на интереси доколку избрано или именувано лице во Република Македонија има трговско друштво основано надвор од Република Македонија бидејќи трговското друштво е основано според правото на земјата во која е регистрирано седиштето и важат законите на домицилната држава, а не законите на Република Македонија“, вели претседателот на Државната комисија за спречување на корупција, Ѓорги Сламков, за
Плусинфо.
Првиот човек на контраразузнавачите во Македонија, во вторникот ја извести ДКСК дека во февруари годинава, станал сопственик на фирмата „Миртланис“ регистрирана во Република Чешка.
Мијалков во анкетниот лист не ја пријавил фирмата во рок до 30 дена, како што налага законот, бидејќи како што образложува директорот на УБК во дописот до ДКСК, фирмата „Миртланис“ ја купил за 7.800 евра или 480.000 денари.




