Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Не се мешам во поставувањето директор на АР,претседателот е надлежен

0
By Нова ТВ on May 23, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев смета дека поставувањето на Еролд Муслиу за нов директор на Агенцијата за разузнавање е надлежност и право на претседателот на државата.

– Претседателот знае понекогаш да не консултира за одредени прашања. Тоа се негови надлежности и секако негово право е. Верувам дека консултациите ќе продолжат, за ова и за други прашања. Претседателот на државата ќе одговори, јас немам амбиции да мешам во тој дел, знаете дека сум прилично внимателен. Тоа е негова надележност, но верувам дека транспарентноста и правото на коментирање за одредени случаи од сите политички партии е добредојдено, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање за забелешките од ДУИ за назначувањето на Муслиу за нов директор на Агенцијата за разузнавање.

Премиерот Заев најави дека веројатно следната недела ќе има нова средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети во врска со најавените промени во извршната власт.

– Веројатно следната недела ќе продолжиме зашто чекам повратна информација, секако и тој од мене, и сите коалициски партнери продолжуваме понатаму. До крајот на оваа недела ќе се случувааат одредни работи во самите политички партии, а идната недела веќе верувам дека ќе излегуваат на површина и одредени одлуки кои верувам дека ќе бидеме подготвени да ги донесеме, рече Заев по работниот појадок со бизнисмените во хотел „Хилтон“.

-Вчерашната одлука на претседателот Пендаровски за назначување на директор на Агенцијата за разузнавање не вознемири сите и фрли сенка на вчерашниот ден кога Собранието ја донесе реформата на безбедносните служби. Нашите информации дека одлуката е заснована на недоволни информации и дека не е злонамерна, меѓутоа ставот на ДУИ е дека додека не се расветлат до крај кумановските настани, ниту еден човек кој што бил дел од службите тогаш не треба да биде на чело на таквите сензитивни институции. Затоа очекуваме дека во овој период претседателот ќе собере повеќе информации и ќе рефлектира по однос на неговата одлука, рече вицепремиерот Бујар Османи во својство на портпарол на ДУИ.

Тој рече дека ДУИ побарала од претседателот на државата Стево Пендаровски повторно да ја разгледа одлуката за именувањето на Еролд Муслиу за прв човек на Агенцијата за разузнавање.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Жичницаа „Глорија“ во главниот португалски град излета од шините – најмалку 15 загинати

September 3, 2025

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025

Судот го одби барањето за поделба на Гугл, но го ограничи ексклузивитетот

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.