Министерството за правда се уште не добило одговор од официјална Прага за барањето на екстрадиција за Борислав Перков, 52- годишниот Велешанец кој е во бегство, осомничен за злосторничко здружување во аферата Шпион. Ова барање било испратено веднаш по серијата апсења во Шпион , изјави за НОВА портпаролката на Министерство за правда, Мирјана Илиева.
Министерството ја приложило сета потребна судска документација до чешките институции неколку дена по операцијата Шпион, во која беа уапсени 17, а обвинети 20 лица, и според процедурата, чешкиот суд требаше да донесе одлука дали ќе постапи по барањето за екстрадиција во Македонија или ќе му биде одреден екстрадиционен притвор.
Што се однесува до сопственикот на порталот Зоран Божиновски, Министерството за правда денеска добило соодветна документација од МВР и постапката за екстрадиција веќе е во тек, изјави Илиева.




