Published: Saturday, November 9, 2013 09:21
Ноќеска, половина час по полноќ, кај авто- кампот Елешац се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубиле три лица од Охрид. НеЕден од загинатите е на возраст од дваесет години, а другите двајца се сопружници на возраст од околу 40 години.
Несреќата се случила во директен судир помеѓу две возила од кои едното џип, каде имало три лица. Неофицијално, веднаш на местото на несреќата погинал совозачот, а возачот бил итно пренесен во болница.
Џипот кој се движел од Пештани кон Охрид се судрил со возило во кое биле двајцата сопружници.




