Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колку училиштето ги оправдува очекувањата на учениците

0
By Нова ТВ on May 29, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 29, 2019 07:22

Пишува Наде Молеровиќ, професор, директор и мотивациски говорник за деца и млади

Учениците знаат што ние, наставниците и родителите очекуваме од нив пред почетокот на секоја учебна година: Да бидат одлични, дисциплинирани, добро воспитани и „послушни“, редовни, одговорни… Но, дали сме се запрашале, што тие очекуваат од наставниците, родителите и училиштетото?

За сите новини, експерименти, реформи во образованието секогаш се слушаат искуствата на научниците, наставниците, стручните образовни експерти и туѓите искуства. Но никогаш никој не ги прашал и сослушал учениците што тие мислат за предметите, програмите, реформите, учебниците, наставниците.

Како тие се чувствуваат секојдневно, што би промениле за да биде подобро, порелаксирано учењето, дружењето, растењето и престојот во училиштето? Дали сме ги прашале што тие очекуваат од нас? Дали сме им ги поставиле вистинските животни прашања од кои може да се открие многу за нив, за нас, за образовниот систем, за општеството и за светот кој се менува со неверојатна брзина. Тие во процесот на учење имаат големи очекувања од нас и си ги поставуваат следните прашања:

Дали наставникот знае за моите афинитети, интереси и таленти?

Дали содржините, учењето и активностите се согласно моите интереси, страст и животни цели ?

Имам ли можност да истражувам, претпоставувам и откривам? Што ако погрешам? Ќе ме охрабруваат ли?

Дали имам доволно време тоа што го учам да го практикувам во реалниот живот?

Морам ли да учам напамет?

Што ако не разбирам, дали наставникот ќе сака, знае да ми објасни?

Морам ли, кога нешто не разбирам, да бидам под притисок да учам веднаш и друго ново?

Можам ли да одберам кога, што и како да учам?

Дали сум доволно мотивиран?

Дали ќе бидам разбран доколку напредувам бавно и со потешкотии?

Дали мојот напредок ќе биде реално оценет и вреднуван?

Јас секојдневно се запрашував, што нашите ученици очекуваат од нас возрасните, од наставниците и од училиштето? Ова прашање им го поставував на моите ученици во непосредните секојдневни разговори, формални и неформални средби, за тоа што тие најмногу вреднуваат кај своите наставници во процесот на учење, оценување, однесување и комуникација и секако, кои им се очекувањата од училштето.

Можам да истакнам дека моите впечатоци од одговорите можам да ги класифицирам во три категории.

Прво, тие очекуваат да учат и да разберат нешто ново и корисно од секоја лекција. Не очекуваат дека наставниците треба да знаат се, но, дека треба да им понудат знаења и вештини релевантни за нивниот секојдневен живот. Очекуваат наставникот да им соопшти што е тоа што како знаење и вештина ќе го стекнат по секоја завршена наставна содржина. Што е важно, помалку важно и најважно. Јасно и прецизно! Зошто учат тоа што го учат? Бараат одговор на тоа прашање.

Второ, тие сакаат и очекуваат наставниците да го извлечат и потенцитраат најдоброто во секој од нив, да умеат тоа гласно да го искажат со зборови кои влеваат самодоверба и почит кон нивната личност. Посакуваат да ја разбудат желбата во нив да ја завршат успешно поставената задача и да ги информираат колку постигнале од поставената цел. Наставникот треба да ги препознае нивните сопсобности и да ги мотивира за да го дадат најдоброто од себе во процесот на учење.

Трето, тие очекуваат почит и разбирање за нивните потешкотии при совладувањето на наставните цели, за нивните комплекси кои можеби ги имаат, за стравот да се зборува јавно , за непријатноста пред другите деца кои често знаат да се потсмеваат поради кажаното. Тие не сакаат да се чувствуваат понижено доколку не го дале вистинскиот одговор на прашањата. Тие не сакаат да бидат прекорувани со навредувачки глас:„Не пишувај пораки на телефонот“, „Не зборувај“ , „Не биди толку мрзелив“, „Ти не умееш да направиш ништо добро“, „Ти повторно не знаеш“, „Ти погреши, како не ти е срам“…

Учениците сакаат правдољубиви наставници кои нема да дозволат најсилните ученици да доминираат и нема да ги етикетираат оние кои послабо напредуваат. Учениците им се воодушевуваат на наствниците кои покажуваат ентузијазам и мотивација секој ден во нивните предавања. Очекуваат наставниците со насмевка да ги прифаќаат секојдневните предизвици, очекуваат зборови со кои  умеат да покажат почит и трпение за нивните постигнувања.

Очекуваат наставници кои имаат разбирање, зошто не успеале да ја завршат на време домашната задача и да сослушаат која била причината за нејзиното незавршување. Очекуваат да се охрабрат да имаат свои соништа, да си веруваат себе си и да учат секојдневно нови работи кои ќе им помогнат да стасаат до нивната цел. Очекуваат наставници кои ќе ги развиваат позитивните вредности како љубопитство, истрајност, упорност, дисциплина.

Очекуваат наставници кои ќе ги советуваат да не бараат оправдување за сопствениот неуспех и грешки, туку да ги разберат како лекции од кои треба да се научи како нешто треба, а како не треба да се работи и однесува. Очекуваат да бидат менторирани  што и како учат и секогаш да се потсетуваат, преиспитуваат што е тоа што секој ден успеале нешто ново да осознаат. Очекуваат да им демонстрираме љубезност и толеранција, разбирање за различноста на другите околу нас.

Очекуваат да не дискриминираме поради банални причини само поради нашите лични предрасуди кои не успеваме да ги надминеме. Да им покажеме колку е убаво да имаме грижа и емпатија за другиот и за човекољубието како вредност загубена некаде и заборавена. Бараат да им помогнеме како да ги постават сопствените цели за да го обмислат планот за нивно реализирање. Да им покажеме дека соништа може да има секој, пожелно е, ако ги нема да ги создаде, тоа е патот до креирањето на соствените цели кои ќе им овозможат  да водат успешен, исполнет и среќен живот.

Сето ова е процес, а ние сме должни да го поттикнеме и да ги насочиме на вистинскиот пат да се бараат и себепрепознаат во сопствената уникатност и посебност како личности кои поседуваат многу таленти и дарби кои треба да ги откријат и развиваат зошто само така ќе бидат подобри луѓе што е и цел на човековото постоење.

Пред крајот на оваа школска година сите ние да си го поставиме клучното прашање:

Дали  ние ги исполнивме нивните очекувања? Што ги научивме? Можевме ли подобро? Сакаме ли подобро? Ајде да ги прашуваме и да ги слушаме, сигурна сум за некоја наредна реформа од исклучителна важност ќе ни бидат нивните одговори. Тие бараат да ги слушнеме и нивните очекувања од нас, училиштето, образовниот систем и државата Република Северна Македонија.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.