Уште пред една деценија е започната изградбата на црквата на МПЦ во Воден со помош на македонската дијаспора во САД и Австралија, но сеуште не е завршена.
За Македонската православна црква поважни се парите од верниците, смета отец Никодим Царкњас које е единствениот свештеник кој богослужи во деловите со Македонци во северниот дел на Грција јавува Канал 5.
Во изјава за телевизијата отец Царкњас вели дека црквата ја интересираат само пари, скапите одежди на владиците и големите епархии.
„Воопшто не водат грижа за верниците надвор од Македонија. Немаме никаква поддршка и од македонските власти чии залагања, како и оние на црквата се премногу тивки, а тоа ги обесхрабрува активистите од македонското малцинство во Грција“, вели Царкњас и прашува зошто митрополитот на Европската епархија на МПЦ досега ниту еднаш не дошол во Грција, за да даде барем духовна подршка на верниците.




