Published: Saturday, November 9, 2013 15:20
СДСМ обвинува за селективно исплаќање на штетите од поплавите што го зафатија струмичкиот регион. Според тврдењата на пратеникот на социјалдемократите Панче Орцев, исплатени биле пари само на партиски активисти на ВМРО-ДПМНЕ, кои, според Орцев, биле обврзани да молчат за исплатата.
Еве документ, од кој се гледа дека Министерството за земјоделство, преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, исплаќа пари на оштетени граѓани.
Тоа го прави исклучиво на партиски активисти на ВМРО ДПМНЕ, на кои при давањето на ова решение за исплата на пари, директно им се нагласува, да молчат и да не кажуваат на никој. Ова е еден од начините како оваа Влада ги троши државните пари за награда на своите активисти и добива избори изјави Орцев.
.




