Published: Saturday, November 9, 2013 16:14
Нема можност за директна аболиција на Кежаровски соопштуваат од кабинетот на шефот на државата Ѓорге Иванов, откако Емилијан Станковиќ од СДСМ побара од претседателот веднаш да го помилува и ослободи од одговорност осудениот новинар.
-Со измените на Законот за помилување од 2009 година, можноста за директно одлучување за ослободување од кривично гонење, аболицијата е исклучена како опција. Согласно членот 3 од Законот за помилување, постапка за помилување, за ослободување од кривично гонење поведува Министерот за правда. Постапка за помилување, за ослободување од кривично гонење се поведува само по службена должност и може да се поведе во секој стадиум на кривичната постапка“, стои во реакција од Кабинетот на претседателот.




