Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Могерини: Северна Македонија и Албанија го завршија својот дел, сега истото да го направи и ЕУ

0
By Нова ТВ on May 29, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 29, 2019 17:05

Врз основа на строга и фер проценка, оваа година по вторпат Европската комисија препорачува отворање преговори со Албанија и со Северна Македонија. Тие две земји го завршија својот дел од работата и сега е на ред Европската Унија да ја исполни својата улога. Сега, очигледно, по нашата препорака, топката е кај Советот на Европа, изјави денеска високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини на презентацијата на „Пакетот проширување 2019“.

– Северна Македонија и Албанија ја прифатија можноста и ги спроведоа реформите. Историскиот Преспански договор со кој се става крај на спорот за името со Грција и зајакнување на добрососедските односи, како што беше направено со Бугарија, е нешто што сите го цениме, го признаваме и го вреднуваме како историска пресвртница, на само за земјата, туку и за регионот, изјави Могерини на денешната заедничка прес-конференција со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Таа потенцира дека Албанија спровела „импресивна имплементација на длабоката и амбициозна правна реформа“ преку повторната евалуација на сите судии и обвинители, што дава конкретни резултати.

Могерини  рече дека Европската комисија дала позитивно мислење за барањето на Босна и Херцеговина за добивање кандидатски статус за членство во Европската Унија, но оти истовремено Еврокомисијата побарала бројни детални задачи кои треба да се спроведат во сферата на демократијата, владеењето на правото, основните човекови права и јавната администрација.

Што се однесува на Турција, Могерини посочи дека земјата останува кандидат за членство, клучен партнер и стратешки важен сосед на ЕУ.

– Турската Влада ја декларира својата посветеност на пристапувањето во ЕУ, но гледаме дека земјата продолжува да се оддалечува од Европската Унија. Ние веруваме дека би било корисно за сите, а особено за турските граѓани, ако овој тренд веднаш биде насочен во спротивен правец, што ние веднаш ќе го поздравиме, потенцира Могерини.

Таа заклучи дека целиот регион на Западен Балкан треба да постигне поодлучни резултати за клучните области како што се владеење на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал, фундаменталните права и воспоставувањето демократски институции.

Могерини нагласи дека во изминатите пет години од својот мандат забележала големо единство на регионот, а најдобри пријатели за тие земји и интеграциските процеси се токму соседните земји. Таа потенцира дека земјите од Западен Балкан кои се веќе членки на ЕУ се најголемите поддржувачи на процесот на проширување, а со тоа создаваат опкружување за поддршка на други земји и тоа, само по себе е доказ дека тој процес е потребен за Европската Унија, но и за Европа како континент.

– Често велам дека политиката на проширување во регион како што е Балканот нè враќа на основната ДНК при процесот на интеграција во ЕУ, во неговите први чекори, надминувајќи ги раните на војната што сé уште беа свежи и користејќи ја интеграцијата во Европската Унија како фундаментална алатка по конфликтот, потенцира Могерини.

Таа уште додаде дека во сите земји од регионот и натаму има голема поддршка од граѓаните за процесот на придружување кон ЕУ, а процентите се движат од 70 до 90 отсто.

Годинава, еден дел од извештајот е посветен и на активностите на Кина во регионот, но еврокомесарот Хан истакна дека Еврокомисијата не го критикува присуството на таа земја, туку поголемо внимание е посветено на почитувањето на европските стандарди кога е во прашање конкуренцијата и јавните набавки, како и последиците од финансиските активности.

На денешната прес-конференција во Брисел и комесарот Хан го поздрави напредокот на Северна Македонија и Албанија.

– Албанија и Северна Македонија ја прифатија можноста од обновената агенда за проширување, и ги испорачаа реформите. Северна Македонија не само што ја продолжи својата амбициозна реформска агенда, туку и постигна историски договор со Грција, решавајќи 27-годишен спор за името, што е пример за целиот регион и пошироко. Албанија спроведува длабоки реформи, особено голема трансформација на својот правен систем. Сите овие напори се сведоштво за моќта на привлечноста на Европската Унија, потенцира Хан.

Тој потенцираше дека почетокот на преговори не значи дека тој процес ќе биде завршен утре или задутре, туку станува збор за долготраен процес, кој трае неколку години. Хан потсети дека целиот процес со Хрватска, која последна се придружи кон ЕУ, траел речиси осум години.

– Нереално е да се верува дека новиот процес за пристапување за други држави ќе биде покус, но се се заснова на остварени резултати на индивидуално ниво и тоа не ја исклучува можноста некои земји да ја завршат работата побрзо од други. Но, целиот процес е најдобра алатка за прилагодување кон европските стандарди, потенцира Хан.

Тој изрази надеж дека Советот на ЕУ адекватно ќе реагира на она што се наоѓа во документот за проширување и дека потребните одлуки ќе бидат донесени час поскоро.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
shortcut
ФОКУС
May 24, 2026

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

ВЕСТИ May 24, 2026

Соединетите Американски Држави и Иран постигнале договор во принцип за ставање крај на конфликтот на…

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026

Белград: 100.000 граѓани на Славија – полицијата се пресметуваше со демонстрантите

May 24, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

May 21, 2026
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.