НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Советничка афера: Мистериозен советник за ЕУ, новинар и водител на списокот советници на Заев

0
By Нова ТВ on May 29, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во третото продолжение од сторијата „Советничка афера“ ИРЛ објавува нови три имиња кои му се надворешни советници на премиерот Зоран Заев. Мистериозен советник за ЕУ, водител и текстописец на народни песни и новинар. Во првите два дела објавивме дека соработници на Заев му се писателот Венко Андоновски и бизнисменот Александар Ружин, како и Филип Андов – Сокол и Стефани Арсовска. Денес објавуваме кои се советниците за ЕУ интеграции, медиуми и реформи во правосудството.

Пишуваат: Маја Јовановска и Сашка Цветковска

Поет, текстописец и советник за медиуми

Поетот, текстописецот и водителот Ѓорѓи Калајџиев е првиот надворешен советник кој го поставил премиерот Зоран Заев. Договорот е склучен еден ден по формирањето на Владата, на 1 јуни 2017 година. 56-годишниот струмичанец му е советник за медиуми на премиерот, а за својот ангажман добива по 40.000 денари месечно.

„Ангажиран сум на предлог и со одлука на претседателот на Владата, а моите активности се однесуваат на подготовка на брифови и документи за различни медиумски средби кои ги има премиерот, но и содржини (поенти, тези и сл.) кои подоцна ПР – секторот ги преточува во говори за премиерот“, изјави Калајџиев за ИРЛ.

Ѓорѓи Калајџиев е вработен во регионалната телевизија ТВ ВИС од Струмица. Тој е водител на две емисии во кој воглавно се обработуваат теми од културата. Советникот за медиуми на премиерот за себе вели дека не е новинар, а неговата постојана работа не е во конфликт со функцијата во владата.

„Во медиумот во кој работам 28 години, веќе 12 години не сум новинар, туку само водител на две емисии од забавно – рекреативен карактер, што значи дека немам никакви допирни точки со програмската политика на медиумот. Консултантскиот ангажман кој го имам ми дава за право да имам редовна професија“.

Калајџиев се потпишал и на неколку народни музички нумери, а оваа година советникот на премиерот ќе биде и еден од водителите на Фолк Фест Валандово, заедно со Ирена Спировска.

Потера по мистериозниот советник за Европска Унија

Љупчо Зафировски e соработник за „Олеснување на процесот на пристапување на РСМ кон ЕУ, помагање во остварување на стратешките приоритети и определби на Владата во однос на евроатлантските интеграции“. Ова е единствената информација која ја добивме од Владата за овој советник на Заев со месечен хонорар од 1.200 евра. Советникот кој е еден од подобро платените не можевме да гo најдете на ниту една социјална мрежа, ниту пак неговото име се појавува на пребарувачот Гугл. Баравме некој труд, анализа или изјава поврзана со Европската Унија, но такво нешто не постои.

Зафировски е пензионер и го најдовме во едно скопско кафуле, каде релаксирано си го пиеше утринско кафе со пријателите. Му го загорчија новинарите на ИРЛ кога му пристапија да го прашаат за неговиот ангажман во Кабинетот на премиерот.

„Па не би сакал да зборувам за мојот ангажман во Владата во кафеана“, ни рече Зафировски.

Сепак ние инсистиравме дека тој е платен од државни пари и е должен да дава отчет за својата работа. Кога го прашавме каква е неговата професионална биографија и искуство за евроатлантските интеграции тој ни одговори:„Сигурно сум компетентен, штом ме избрале за советник“.

Зафировски рече дека е подобро прашањата да му ги пратиме на мејл. Ги испративме прашањата на адресата на неговата електронска пошта ecofoodexport@hotmail.com, но не добивме одговор. Ја побаравме фирмата од неговиот мејл „Еко фуд експорт“, но таа повеќе не постои.

Новинар и советник

На платниот список на Заев е и новинарот од ТВ 24 Љубиша Станковиќ. Тој е соработник за „Комуникација и односи со јавноста во процесот на реформа на правосудниот систем и учество во советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот систем (2017-2022)“.

Станковиќ е ангажиран како ПР на Советот за реформи на правосудството од април минатата година. Тој добива месечен хонорар од 30.000 денари.

Станковиќ беше еден од жестоките критичари на претходната власт, активист и учесник во „Шарената револуција“. За неговата двојна позиција, и како новинар и како владин ПР, смета дека не е во конфликт.

„За таа позиција, ПР на Советот за реформи во правосудството, се бараше новинар кој ја покрива оваа област. Tаков услов беше определен од Владата. Одговорам на прашања од колеги, ги организирам седниците, не правам никаков пиар, не пишувам соопштенија и слични активности кои би биле конфликт. Не разбирам зошто ова е поразлично од новинари кои седат во управни и надзорни одбори каде што реално има конфликт“, вели Станковиќ кој  долги години е еден од водечките имиња во известување за правосудството и со големо професионално искуство зад себе

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.