Две сообраќајни несреќи со петмина загинати за само едно деноноќие викендот по македонските патишта. Едната во Охрид другата кај Агино село-кумановско. Кај Елешец ноќеска десет минути по полноќ во директен судир на патот од Охрид кон Свети Наум во тешка сообраќајна несреќа загина брачна двојка кога нивното Рено канго се судрило со Исузу. Покрај двајцата сопружници загинало и 21-годишно момче кое било патник во џипот Исузу. Уште двајца се тешко повредени.
Брачна двојка од кумановското село Брзак загина во сообраќајна несреќа која се случила на автопатот Куманово –Скопје кај Агино Село. Автомобилот на 39-годишниот возач и неговата бремена сопруга излетал од коловозната лента, се превртел и удрил во друг автомобил на спротивната страна од патот. Возачот починал на лице место, а повредената сопруга била пренесена на скопските клиники каде попладнето им подлегнала на повредите.




