Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жерновски – Да имавме поголемо мнозинство, ќе уапсеа повеќе советници

0
By Нова ТВ on November 10, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 10, 2013 10:03

Нема дилеми дека во случајoт со Шиповиќ има многу повеќе политика отколку третирање на случувањата во Машинопромет, вели градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски во неделното интервју на Радио Слободна Европа

-Јас не знам што се случувало таму, ниту е моја работа. Мислам дека она што го има и како притисок од опозицијата, многу побитно притисок од јавноста и од меѓународната заедница, се надевам дека ќе вроди со плод за да може господинот Шиповиќ да се брани од слобода, бидејќи тој ги исполнува сите услови тоа да го направи, а не да биде во притвор, иако му е веќе одредена мерка притвор.

Проблемот за власта не е толку што тој ќе се брани од слобода, бидејќи тоа можеби и може да го голтнат, меѓутоа фактот дека оној што се брани од слобода има право да присуствува на седници, тоа веќе е проблем за власта и ќе се обиде на секој начин тоа да го спречи, меѓутоа јас се надевам дека ќе надвладее разумот.

Ние се наоѓаме пред ребаланс, потоа пред нов буџет со овој нерешен однос на силите во општината. Реков дека советот е блокиран. Мислам дека како опозиција треба сериозно да го разгледаме сценариото да одиме на нови избори за советници во Општина Центар, затоа што ако власта сака да ја фалсификува волјата на граѓаните и ако е спремна и да апси советници само за да ја преземе контролата над општината, тогаш оној што сака да ја фалсификува волјата треба да ја провери таа иста волја, меѓутоа како што гледате, јас тоа го кажав пред, можеби има веќе 14 дена, не гледам дека ВМРО-ДПМНЕ на ова има одговор, затоа што знаат дека ако има избори, сега ќе поминат многу полошо.

Што се однесува до притисоците, Жерновски говори за инспекциските посети, но и секаков друг притисоци:

-Кога беше и договорена, случајно се погоди средбата со амбасадорот на САД, Пол Волерс, стигнаа две кривични пријави против градоначалникот на Центар. Претходниот ден имавме посета од инспекторот за да изврши увид дали една од седниците коишто се одржани досега во Советот на Општина Центар е регуларно закажана, дали е регуларно поделен материјалот, дали се регуларно објавени одлуките.

Се разбира, претставката беше од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и верувале или не, за чудо или не, тоа е за токму онаа седница каде што не поминаа трите ДУП-ови за кои зборував претходно. Тоа се тие притисоци, има и низа други притисоци.

По донесување на финалните извештаи, на прашањето дали очекува некаква реакција од Јавното обвинителство или мисли дека ќе остане само на зборови или само на хартија, Жерновски вели:

-Мене ми е многу драго што Државниот завод за ревизија прифати да влезе дополнително. Тие имаат право вон својата веќе договорена програма за тековната година да влезат некаде дополнително. Драго ми е, затоа што ќе може да ги споредиме нивните наоди со овие што ги имаат ревизорите коишто ги најми Општина Центар. Јас за првиот дел документот веќе го доставив до обвинителството, доколку има наоди за вториот, ќе го сторам тоа повторно, се разбира, затоа што сум должен да го направам тоа. Што прави обвинителството, дали воопшто ќе покрене некаква постапка, тоа ќе мора нив да ги прашате.

Но, дали има реакција за првиот извештај, Жерновски вели:

-Досега никаква.

Што се однесува до казните, тие се лично кон него упатени и тој мора да ги плати:

-Два пати казна од 1500 до 3000 евра, една казна беше од 3,5 до 7 илјади евра, среќа отидов на порамнување, морав до Велес да отидам, па да добијам поблага оценка. Овие две што ги кажав, што стигнаа завчера, исто така мислам дека се по 3 илјади евра, вкупно може да се 6 илјади евра.

Тоа се средства коишто граѓаните мислат дека во најголема мера или исклучиво ги плаќа општината од сопствениот буџет, но не, тоа се казни коишто се наменети за оној којшто раководи со општината, во овој случај тоа сум јас и мора да ги платам од сопствен џеб, вели градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски во неделното интервју на Радио Слободна Европа

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.