Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО: Нема кривичен прогон за неправилности во вториот пензиски столб

0
By Нова ТВ on May 31, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 31, 2019 14:51
Основното јавно обвинителство Скопје донесе резолуција со која е одлучено дека нема место за јавнообвинителско постапување во поглед на кривичната пријава поднесена од Министерството за труд и социјална политика, а во врска со евентуални неправилности во функционирањето на вториот пензиски столб.

-Кривичната пријава поднесена против непознат сторител се однесуваше на кривично дело – злоупотреба на службена положба и овластување. Во неа се наведуваше дека во период од 2006 година не се вршени распределби на осигуреници кои ги исполнувале законските услови за членство во капитално – финансирано пензиско осигурување според законски дефинирани услови, односно Втор пензиски фонд. Пријавителот , МТСП, наведува и дека во подготвениот Извештај од извршена детална анализа подготвена од консултант од Светска банка, а по барање на МТСП, констатирани се сериозни недостатоци. Се наведува дека постојат 12.000 осигуреници кои се опфатени во систем на задолжително пензиско осигурување, а не се евидентирани како членови на приватните пензиски друштва. Истовремено за нив, делот од 6% од придонесите не е трансфериран во приватно пензиско друштво, се наведува во соопштението од скопското Јавно обвинителство..

Постапувајќи по поднесената кривична пријава, Основното јавно обвинителство Скопје презеде дејствија со кои изврши сеопфатно истражување на наводите, прибирајќи ги сите материјални и вербални докази.

За појаснување на поднесената пријава, како што велат од Обвинителството, биле повикани претставници од Министерството за труд и социјална политика.-  Во дадената изјава беше појаснето дека подносителот како единствен доказ го има приложениот извештај. Како причина за настанатото, по нивна оценка наведоа објективни слабости во системот, при што не наведоа имиња на лица кои би биле инволвирани во евентуално сторување на кривично дело. Беше истакнато дека поради сомневањата министерството иницирало формирање на посебна Комисија за вршење надзор над предмети во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија. Но дека од страна на Комисијата не е доставен извештај од извршен надзор.  Составен дел  од наводите на подносителот на кривичната пријава е дека штетата по Буџетот на Република Северна Македонија е всушност во фактот дека овие средства во одреден период не се  оплодувале  и не се внесувале  во Буџетот на РСМ, се додава во соопштението.

Обвинителството, како што посочуваат оттаму, ги испитало директорот  и вработени лица во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија.

-Во нивните искази потенцираа дека не постои не евидентиран осигуреник, но прераспределбата на дел од нив во вториот столб не била извршена навреме поради проблем со софтверот. Во однос на средствата кои требало да бидат распределени во вториот столб е појаснето дека тие пари се на сметката на фондот и иако не биле префрлени – не може да се користат за други намени освен за  пензиите, се наведува во соопштението.

Испитани биле и претставници на МАПАС – Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување како орган кој ги контролира и заштитува интересите на осигурениците.

-Испитаните појаснија дека МАПАС имал сознанија дека во определен период не се уплаќани придонеси на осигуреници во приватните пензиски столбови, дека е можно да постои штета, но само во однос на приносот кој би го оствариле доколку  нивните приноси биле капитализирани.  МАПАС не биле известени за неправилности во пензискиот фонд од страна на други државни институции, а од контролите кои редовно ги вршеле никогаш не произлегла било каква неправилност. Повиканите одговорни лица од МАПАС потврдија дека состојбата со осигурениците во приватните пензиски друштва е во ред и е во согласност со законските прописи, велат од Обвинтелството.

Надлежен јавен обвинител ги испитал и одговорните лица од двата пензиски столба кои, како што стопи во соопштението, истакнале дека немаат сознанија за наведената бројка на нераспределени осигуреници, а во однос на паричните средства истакнаа дека истите ќе бидат надоместени и се надоместуваат од Буџетот. Со тоа, нивните членови осигуреници ќе го добијат соодветниот надоместок за изгубениот принос со што нема да бидат оштетени.

При вршење на распит на претставници од Министерството за финансии, повиканите лица потврдиле дека во Министерството за финансии не е забележано ненаменско трошење на средства или пак  дека некои средства се одлеваат , односно дека не е констатирана штета на Буџетот на Република Северна Македонија.

По барање на Основното јавно обвинителство Скопје од Државниот завод за ревизија доставен е конечен извештај за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2015 и 2016 година за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија. Во извештајот  се забележани состојби на нецелосна усогласеност во работењето на фондот во процесот на  остварување на правата од пензиско инвалидско осигурување, поради што е можна исплата на корисник на пензија и по истекот на законски утврденото право, а за што се дадени и препораки во делот за подобро ажурирање на процедурите за исплата на пензии.

-По сознанијата и доказите кои беа собрани и преземени од Основното јавно обвинителство Скопје не се дојде до степен на основи на сомнение дека конкретно службено лице со искористување на својата службена положба или овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата службена должност прибавило за себе или за друг некаква корист или нанело штета. Од горенаведените причини, надлежниот јавен обвинител ја донесе јавнообвинителската одлука по поднесената кривична пријава ценејќи дека нема место за јавнообвинителска интервенција, наведуваат во соопштението од скопското Јавно обвинителство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.