Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи и Димитров од Брисел: Преговорите ќе значат продор на европската идеја на Балканот

0
By Нова ТВ on May 31, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 31, 2019 14:59

Стартот на преговорите со Европската Унија ќе значи дополнителен стимул за земјата и натаму да ја игра улогата на главен промотор на европската идеја на Балканот, како суштинска придобивка на целиот регион, но и неспорен интерес на земјите – членки, порача вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој заедно со министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Брисел, во рамките на работната посета на Кралството Белгија, се сретна со Дидие Рејндерс, вицепремиер и министер за надворешни и европски прашања.

-Северна Македонија доби исклучително позитивна оценка од страна на Европската комисија, со прецизна препорака дека е подготвена веднаш да ги започне преговорите, процес што ќе е заокружување на европскиот оптимизам во рамките на земјите од Западниот Балкан, кој, пак, претставува основно гориво за стабилизација и просперитет на регионот, истакна Османи.

Тој му ги пренесе на Рејндерс намерите на Владата да стане партнер на Европската Унија во соочувањето со современите предизвици во изградбата на побезбедна, постабилна и просперитетна Европа.

-Билатералната посета на Белгија се случува во клучен момент откако од нејзината престолнина, само два дена претходно, добивме јасна валоризација за сѐ она што постигнавме изминатата година – Северна Македонија да има чисто и убедливо европско досие. Во срцето на земјата основач на ЕУ, онаму каде сакаме да се чувствуваме како дома, охрабрени сме што делиме заедничка визија со Белгија за тоа дека напредокот на секоја земја треба да биде објективно и соодветно препознаен и дека почетокот на пристапните преговори не значи членство, туку само отворање на вратата од еден долг пат на суштествена реформа и позитивна еволуција, нагласи министерот Димитров.

Тој потенцира дека почетокот на процесот значи и пристап до една важна и докажана алатка за зацврстување на постигнатиот напредок, натамошен развој и трајна европеизација на Балканот.

-Тоа е наш интерес, но и силен интерес на Европската Унија, посочи Димитров.

Османи и Димитров ги потенцираа заложбите на земјата да продолжи и понатаму со реформската агенда, во насока на трансформација согласно европските правила и стандарди, но и во насока на имплементацијата на европските вредности дома и во регионот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.